
Охриѓанка со тешки повреди завршила во болница откако била нападната од сограѓанка.
Како што информира МВР, вчера во 12:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Коста Абраш“ во Охрид, М.Х физички ја нападнала 59-годишната Б.Х., двете од Охрид, која се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.
По целосно документирање на настанот, против М.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Македонски

