
Шпанската фудбалерка и репрезентативка Алексија Путелас ја освои „Златната топка“ за 2026 година во конкуренција на фудбалерки. Таа освои повеќе од Ева Пахор, Кадиже Шо и Мелчи Диморна. Путелас ја предводеше Барселона до историски резултати и четири освоени пехари, а беше прогласена и за најдобра фудбалерка во Лигата на шампионите.
– До сите момчиња и девојчиња низ целиот свет, што го сакаат фудбалот. Ако сакате да играте фудбал, играјте фудбал. Не е важно дали сте момче. Не е важно дали сте девојче. Не е важно од каде доаѓате. Не слушајте ако некој ви каже дека не можете да го направите тоа, изјави на церемонијата Путелас.
Таа на 53 натпревари постигна 26 голови со 15 асистенции, а трикратната освојувачка на оваа награда Ајтана Бонмати поголемиот дел од сезоната го пропушти поради повреда

Македонски

