
Српскиот пејач и телевизиски водител Ѓорѓе Давид им се извини на македонската јавност и на авторите на песната „Дали чекаш стара мајчице“, браќата Миле и Ѓорѓе Барбаровски, откако во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ рече дека станува збор за обработка на „стара бугарска песна“.
Во последната епизода на шоутп, кандидатката од Крушево, Ребека Јанкоска ја испеа познатата песна на Гоце Арнаудов.
Првата песна од Гоце е обработка од стара бугарска песна, која има многу крв во себе, рече по настапот Давид.
По бурните реакции, пејачот одма се исправи и испрати извинување.
На сите од Македонија им благодарам што ми пишавте и што ми објаснија. Им се извинувам на браќата Барбаровски кои ја напишаа песната, за кој бев убеден дека е обработка од бугарска песна . Јас прв пат таа песна ја слушнав во Бугарија. Еве и јас имам една информација, која не ја знате а то е дека таа песна е препеана од еден пејач. Јас пред година ипол прв пат ја слушнав таму и немав поим Браќа Барбаровски се извинувм. Не се жестите, сите знаат колку ја сакам Македонија, така да на секој му се поткраднува грешка, рече Давид во видео на Инстаграм стори.

Македонски

