Skip to main content

Србија: Затворени избирачките места, но гласањето ќе продолжи за оние што чекаат во ред

фото: Freepik

Иако избирачките места во Србија официјално се затворија во 20 часот, граѓаните кои во тој момент биле во ред не го губат правото да гласаат, пренесува ТВ21.

Според изборните правила, избирачките одбори мора да им овозможат да го остварат своето право на глас на сите избирачи кои во моментот на затворањето се наоѓале во ред на избирачкото место или непосредно пред влезот.

Ова значи дека истекот на предвидениот рок за гласање не е причина граѓаните да бидат спречени да гласаат доколку навреме застанале во ред.

Поврзани вести