
Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница, Стојанчо Радичевски, истакна дека со поддршка на Владата и премиерот Христијан Мицкоски се реализираат повеќе проекти во општината.
Радичевски и Мицкоски денеска остварија теренска посета на неколку населени места во општината, меѓу кои Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница.
Радичевски упати благодарност до премиерот за поддршката во реализацијата на проектите што се во тек, посочувајќи дека станува збор за активности за кои, како што рече, веќе било говорено во изминатите денови.
Тој им се заблагодари и на граѓаните кои му ја дале поддршката во првиот круг од локалните избори, изразувајќи очекување дека во вториот круг ќе добие поголема поддршка.
„Очекувам поголема поддршка во вториот изборен круг, очекувам и победа да славиме сите заедно“, порача Радичевски.

Македонски

