
Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Македонија, ќе биде доделена денеска во Кристалната сала на Собранието.
За остварување во областа на културата и уметноста, наградата му се доделува на Ѓорѓи Јолевски, актер, додека за остварување во областа на науката, наградата им се доделува на: проф. д-р Стојко Стојков, историчар и проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, археолог.

Македонски

