Skip to main content

Прошетка низ изложбата „Пресек“ и разговор со уметницата Ирена Паскали денеска во Чифте амам

Прошетка низ изложбата „Пресек“ и разговор со нејзината авторка, реномираната уметничка Ирена Паскали ќе се одржи утре во 13 часот во галеријата Чифте амам во Старата скопска чаршија. Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска-Михајловска. Со тоа симболично ќе биде означено и затворањето на изложбата.

Ирена Паскали (1969, Охрид) е истакната македонска мултимедијална и современа уметница со богата меѓународна кариера. Завршила средно уметничко училиште во Скопје, Факултетот за ликовни уметности во Скопје (2000), а магистрирала на престижната Академија за медијални уметности во Келн, Германија (2007), каде живее и работи од 2004 година. Добитнчка е на повеќе меѓународни стипендии (Германија, Франција, Того, Русија, Латвија), како и меѓународни награди (Кореа, Албанија, Германија, Србија и др.). Реализирала повеќе самостојни изложби и учествувал на многу меѓународни претставувања.

Паскали работи во различни медиуми – фотографија, видео, цртежи, експериментален филм, перформанс, а нејзините дела вклучуваат и експерименти со природни материјали. Централното место во нејзината работа и истражувања е посветено на човекот, општествените и социјално-политичките прашања кои се во неразделна врска

со идентитетските прашања и отуѓувањето, духовноста, односот меѓу минатото и сегашноста, како и фрагментација на културите и религиите. Изложбата „Пресек“ претставува селекција од нејзиното богато творештво и одбележување на 30 годишното уметничко дејствување и дел од програмските активности на Националната галерија на Македонија.

Поврзани вести