
Во периодот од 03.11.2026 г. до 04.07.2027 г., Музејот на град Скопје ќе гостува со археолошката изложба: „Лица од новата ера: првите земјоделци во Македонија пред 8 000 години“ во Археолошкиот музеј во Франкфурт (Р. Германија). Отворањето на изложбата ќе биде во 18.00 часот на 03.11.2027 г., каде ќе биде и промовирано изданието за претставените локалитети, под авторство на кустосот на изложбата, Љубо Фиданоски.
Во рамките на изложбата ќе бидат изложени 83 артефакти од неолитската збирка на два локалитети од Скопскиот Регион: Церје – Говрлево и Слатина – Зелениково, како едни од најзначајните локалитети од овој период, не само во државата, туку и пошироко. Низ различни музејски начини и содржини ќе бидат претставени најважните предмети од збирката: антропоморфниот модел на куќа, позната како „Големата мајка од Говрлево“, разновидните керамички фигурини, жртвеници и садови. Исто така, ќе бидат претставени и исклучително интересните камени и коскени алатки од обата локалитета.

Македонски

