Skip to main content

Апелација му ја намали казната на Мухамед Зеќири

facebook.com/muhamed.zekiri

Апелациониот суд Скопје му ја намали казната на поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, од 2,5 години на 1 година и 7 месеци затвор за злоупотреба на службената положба и овластување.

Одлуката била објавена на 19 октомври, по јавната расправа одржана на 30 септември годинава. Судот го огласил Зекири за виновен за кривично дело според член 353 став 4 во врска со став 1 и член 45 од Кривичниот законик.

Апелација  по  разгледување на списите во предметот, пресудата, изјавените жалби, предлогот на Вишото јавно обвинителство Скопје, како и доказите изведени на јавната расправа утврди дека обвинетиот пристапил кон склучување договори за консултантски услуги поврзани со анализа на состојбите и можностите за приватизација на „Македонска пошта“ и „Македонски железници“, без спроведување соодветна постапка за јавна набавка.

Оваа казна практично се поклопува со времето коешто Зеќири веќе го помина во притвор и домашен притвор, што значи дека казната му е веќе одлежана.

Оваа одлука сè уште не е правосилна, бидејќи одбраната има право на жалба до Врховниот суд во рок од 8 дена.

Поврзани вести