
Очајна и хистерична состојба, вака аналитичарот Милан Стефаноски во „Колегиум“ ја констатира ситуацијата во која СДСМ инфантилно се прогласи за победник на изборите во Брвеница. Да изгубите четири наспрема еден, да бидете четврта партија на теренот и притоа да тврдите дека имате раст, според Стефаноски е загрижувачка психичка состојба.
-Повеќе загрижува оваа психичка состојба. СДСМ ми наликува на млада невеста која го гледа потенцијалот на комшијата, а не на сопругот дома. Мене ми беше трагично, не смешно, затоа што нивниот аргумент одеше дека ВМРО-ДПМНЕ има некаков пад, а растел СДСМ, без да навлеземе во тоа колку е тоа глупаво. Генерално, можеме да го сведеме на една очајна и хистерична состојба на СДСм за да на некој начин тоа помине некако пред нивната публика, затоа што тие немаат ни што друго што би правеле, посочи аналитичарот во дебатната емисија на ТВ Алфа.

Македонски

