Skip to main content

Околу 15 малолетници претепале дете во Влае, искршени му се и забите

МВР архива

Тринаесетгодишно дете било претепано од група малолетници во скопската населба Влае, дознава „Скопје1“. Според информациите до кои дојде редакцијата, во нападот учествувале околу 15 малолетници, а детето се здобило со сериозни повреди, меѓу кои и искршени заби. Во настанот, според сведоштва, детето било тепано со метал.

Нападот се случил во саботата на плоштадот „Делфина“, околу 00:30 часот, а истиот ден во 15:30 часот случајот во полиција го пријавила мајката на нападнатото дете.

На 18.10.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје 39-годишна жена пријави дека околу 00:30 часот на подрачјето на Влае нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од група малолетници од кои некои од нив ги познавал, а бил употребен и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Поврзани вести