
Нов случај со врсничко насилство, кој заврши со итепано дете и видео од настанот поставено на социјалните мрежи.
Како што соопшти МВР, вчера во СВР Скопје, Д.Л.(43) пријави дека на 09.10.2026 во доцните вечерни часови во двор од основно училиште на подрачјето на Бит Пазар, малолетник бил физички нападнат од неколку малолетници, од кои едниот го познавал, а друг малолетник го снимил настанот со мобилен телефон и го објавил на социјална мрежа.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонски

