
Собранието ја донесе одлуката за продолжување на кризната состојба поради можни нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Кризната состојба е продолжена за уште шест месеци поточно до април следната година.
Предлогот доаѓа во период кога високите цени на горивата и зависноста од увоз претставуваат сериозен предизвик за граѓаните и стопанството.
Со цел да се ублажат последиците од кризата, Владата го намали ДДВ за дизел од 18 на 10 проценти и ја намали акцизата за горива.
Денеска се очекува и Регулаторната комисија за енергетика да донесе одлука за цените на горивата коишто ќе важат во следните седум дена.

Македонски

