
Тренерот на Астон вила, Унаи Емери, го коментираше триумфот од 6:0 над Фенербахче во второто коло од Лигата на шампионите.
– Севкупно, беше многу добар натпревар. Сè уште имаме работа, но за нас, ова е одличен резултат. Можеби Фенербахче не заслужи да изгуби со шест гола разлика. Треба да продолжиме напред. Оваа победа треба да ни даде самодоверба. Направивме неколку замени за да им помогнеме на другите играчи да стекнат самодоверба и да добијат време за игра. Она што го направивме денес беше фантастично. Лигата на шампионите е многу тешко натпреварување, изјави Емери на официјалната веб-страница на УЕФА.
Астон вила има шест бода и е трета во генералниот пласман во Лигата на шампионите. Фенербахче е 28-ми, со еден бод по два натпревари

Македонски


