
Првенецот на Македонскиот народен театар (МНТ), актерот Ѓорѓи Јолевски е добитник на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година за долгогодишни остварувања во областа на културата и уметноста, соопшти Министерството за култура и туризам.
За остварувања во областа на науката, наградата им се доделува на професорите Стојко Стојков, историчар и Виктор Лилчиќ-Адамс, археолог.
Државната наградата „23 Октомври“ се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно историско наследство од јавен интерес.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 23 октомври во 11 часот во Собранието на Република Македонија.

Македонски




