
Хризантемите се богато есенско цвеќе кое може да поднесе ниски температури и да ги пречека првите мразеви со раскошен цвет. Ова растение потекнува од Кина и според традицијата, се верува дека носи среќа. Во Азија веруваат со хризантемата е поврзана со Сонцето, па затоа цветот важи за носител на Јанг енергија. Во многу азиски земји е популарно мислењето дека хризантемата е пред сè цвет на среќата, а во нејзина чест во Јапонија секоја есен се одржува Фестивал на среќата.
Интересно е да се додаде и верувањето кое потекнува од Истокот дека една ливчиња од хризантема во чаша вино може да обезбеди долг и здрав живот.
Иако секој човек што ќе го сретнете во Азија би ви рекол дека хризантемата навистина е симбол за нешто позитивно, на другата страна од светот таа сепак важи за цвет на смртта и поради тоа во многу европски земји често е резервирана за погреби.
Австралијците без размислување би подариле хризантема на член на потесното семејство како знак на почит и љубов, додека во Америка овој цвет е познат симбол за радост.
Садење хризантеми
Со ова цвеќе можни се разни комбинации на бои во градината, токму поради широкиот спектар на нијанси кои ги нуди Погодни се за разни подлоги, а бараат само исклучителна изложеност на сончева светлина и заштита од ветер (на што многумина забораваат при садењето).
Нега на хризантемите
При цветањето, се советува цветот да се наводнува секој ден, додека прихранувањето во оваа фаза не е потребно. Пожелно е целата саксија да се наполни со вода, додека вишокот секако сам ќе излезе низ отворите на дното. За што поуспешно цветање, големината на саксијата треба да биде најмалку 21 сантиметар, со оглед на тоа што хризантемите растат и до 20 сантиметри во висина. Во завршните фази на цветањето исто така се советува повремено исушување на земјата за да зацврсти стеблото.
Хризантемите најдобро растат во градините, меѓутоа постојат и такви кои се направени за ентериер. Нив најпогодно би било да ги држите веднаш до прозорецот, од каде што можат да ја апсорбираат сончевата светлина во текот на целиот ден.
Познато е дека цветот може да успее и во октомври и ноември, бидејќи хризантемата е пред сè есенско растение.
По садењето, на хризантемите ќе им бидат потребни 3 до 6 сончеви недели за целосно да го формираат своето стебло. При наводнувањето треба да се внимава листовите да останат суви за да се спречи појава на лисни вошки и црни лисја. Во пролет, полжавите претставуваат голема опасност за ова растение бидејќи можат да ги изедат сите листови, особено на младите изданци.

Македонски

