Skip to main content
Д-р Викторија Коровеш, специјализант по детска и адолесцентна психијатрија на Универзитетската клиника за психијатрија

Зад секоја дијагноза, шифра и терапија секогаш стои човек, некогаш тишината меѓу зборовите кажува многу повеќе

Фрипик

Светскиот ден на менталното здравје помина, но разговорот продолжува. Вработените ЈЗУ Универзитетската клиника за психијатрија на социјалните мрежи споделуваат што е она што го учат од своите пациенти, а го нема во учебниците – знаења за разбирањето, довербата, поддршката и емпатијата.

Во оваа објава зборуваат д-р Викторија Коровеш, специјализант по детска и адолесцентна психијатрија, асс. д-р Билјана Гагачовска, субспец. по детска и адолосцентна психијатрија, асс. д-р Васка Митова, психијатар и Билјана Спасовска, дефектолог.

Д-р Коровеш вели:

Секогаш треба да се потсетуваме дека зад секоја дијагноза, зад секоја терапија, зад секоја шифра стои еден човек. И дека понекогаш тишината ни кажува многу повеќе меѓу зборовите. Затоа треба да се замислиме сите колку е тешко со зборови понекогаш ги кажеме нашите длабоки интрапсихички дожувувања.

Поврзани вести