
Овој понеделник, на 12 октомври, во 19 часот во скопското кино „Синаплекс“ бесплатно ќе биде прикажан македонскиот филм „Ругање со Христос“ во режија на Јани Бојаџи.
Филмот отвора тешки прашања за човекот, верата, вината, изборите и последиците што ги носиме со себе. Во актерската екипа се Љупчо Тодоровски, Јоана Пилиху, Јоана Поповска и Мето Јовановски.
Зад камерата, Јани Бојаџи ги потпишува сценариото, режијата и монтажата. Директори на фотографија се Христо Генков и Душан Кардалевски, автор на музиката е Горан Трајкоски, а дизајнот на звукот е на Дарко Спасовски.
Бесплатната кино проекција на македонски филмови секој понеделник е во организација на Агенцијата за филм.

Македонски


