
Светскиот ден на менталното здравје помина, но разговорот продолжува. Вработените ЈЗУ Универзитетската клиника за психијатрија на социјалните мрежи споделуваат што е она што го учат од своите пациенти, а го нема во учебниците – знаења за разбирањето, довербата, поддршката и емпатијата.
Во оваа објава зборуваат д-р Викторија Коровеш, специјализант по детска и адолесцентна психијатрија, асс. д-р Билјана Гагачовска, субспец. по детска и адолосцентна психијатрија, асс. д-р Васка Митова, психијатар и Билјана Спасовска, дефектолог.
Д-р Коровеш вели:
Секогаш треба да се потсетуваме дека зад секоја дијагноза, зад секоја терапија, зад секоја шифра стои еден човек. И дека понекогаш тишината ни кажува многу повеќе меѓу зборовите. Затоа треба да се замислиме сите колку е тешко со зборови понекогаш ги кажеме нашите длабоки интрапсихички дожувувања.

Македонски


