Дрин Ахмети минатата година беше фатен со цел багажник со петарди. Тоа предизвика големо внимание и една вечер преседа во полициска станица.Јавноста со право се прашуваше што ќе му се 750 петарди. Во интервјуто за „Република“ тој објасни дека тој преку неговата фирма имал дозвола за увоз а дека дел биле за рудникот за минирање а дел за на внуците во Зајас да им приреди огномет за Нова Година.
Ги користиме за рударските активности за кои сме лиценцирани. Второ, тие огномети беа купени преку фактура, легално, а беа купени затоа што кога си одев дома на новогодишната ноќ, сите мои внуци и внуки беа таму, и сакаа шоу со огномет, како што мислам дека сака и секое дете во Македонија. Не за тие да ги детонираат, туку да го гледаат шоуто. И ние ангажиравме компанија да го направи тоа. Огнометот беше платен преку фактура, фирмата беше од Гостивар, требаше да дојдат утредента да го активираат, и јас мислев дека се е ок, дека се е според правилата. Не знаев дека ќе се случи масовно да се зборува за тоа една цела година. Не го знаев тоа, да бидам искрен. И после сето тоа што се случи, по целата таа приказна, дознав дека ова станало медиумска приказна кога ги видов новинарите пред полициската станица. И јас тогаш сфатив на каде оди сето ова. Тоа немаше никаква врска со какви било недозволени активности за кои бев обвинет, гонет, за трговија или што и да е друго, што беше првичното обвинение. Па дури и господинот од полициска станица, одличен човек, командирот на полициската станица, ми рече дека ќе направат белешка и ќе ме ослободат следниот час. Но ме држеа во притвор цела ноќ. И тој беше изненаден, а беше многу љубезен господин, началникот на полицијата на централната станица. Но сега, како што знаете, Јавното обвинителство и МВР го сведоа предметот на нешто за што максимална казна е 200 евра и судот ќе одлучи дали и тоа ќе остане да се плати. Затоа што огнометот го набавивме легално.