Skip to main content

Жена прегазена на влезот на Ургентниот центар во Гостивар, со тешки повреди пренесена во Скопје

скриншот Сител

Жена е тешко повредена откако во неа удри возач на „мерцедес“ кај гостиварската болница.

Како што соопшти МВР, вчера во 09:45 часот, во ОВР Гостивар е пријавено дека на влезот од Ургентниот центар во Гостивар, патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на Општа болница Гостивар, а управувано од Ф.А.(52) од с.Чегране, удрило во пешакот З.В.(63) од с.Горна Бањица.

По незгодата, З.В. била пренесена во Ургентниот центар Гостивар, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди, по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Гостивар, велат од МВР.

Поврзани вести