Skip to main content

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.

Во Скопје, променливо облачно со повремени венежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Под влијание на циклонска активност до вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни над 20 l/m², особено во недела. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи.

Од понеделник ќе дува засилен северен ветер кој наместа ќе достигне до 60 km/h. Во вторник под влијание на постуден бран врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во снег.

Поврзани вести