Skip to main content

Пита од ориз со јаболка и младо сирење

Вкусна пита, десерт кој се јаде со голема сласт…

Состојки

  • 250 грама ориз
  • 1 литар млеко
  • сол
  • 4 јајца
  • 5 лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 2 јаболка
  • 250 грама младо сирење
  • цимет

Подготовка

Сварете го оризот во солено млеко, а потоа тргнете го од оган за да се излади. Белките одвојте ги од жолчките и изматете ги во снег. На жолчките додајте шеќер и ванилин шеќер, па изматете ги пенесто. Јаболките излупете ги и изрендајте. Во оризот измешајте ја смесата од жолчки, младо сирење и јаболка. Потоа нежно измешајте го снегот од белки.

Смесата ставете ја во подмачкан калап за печење. На врвот наредете парчиња јаболка и наросете цимет, за подобар изглед и печете во рерна загреана на 180 °C 35 – 40 минути.