Skip to main content

Есенски базар во Скопје

Рачната изработка одамна не е само традиција – таа денес е современ начин на создавање, со сопствен визуелен јазик, препознатлив стил и приказна зад секој производ. Токму новата генерација домашни ракотворци ќе биде во фокусот на Есенскиот базар „Обоена есен, рачно создадена“, кој од 16 до 18 октомври ќе се одржува на приземјето на Скопје Сити Мол.

Во текот на трите денови, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со работата на 26 современи ракотворци и домашни креативни брендови, кои создаваат рачно направени уникатни производи во мали серии, со голема вештина, прецизност и посвестеност на секој изработен предмет.

На базарот ќе учествуваат: Светник, БУВ – раскажува приказна за дрвото, PURE BEAUTY by Emma, Forest Stories, SIRA Leather, Solar Creations, Zen.Zeal, Epoxy Handmade by Clay, Филигран од срма Софија, Crochet by Frosi, Игнеа козметика, Декупаж катче, Монкдолс, Јуник Корнер, Добро ми стои, Filigree LARGO, Еко восочни обвивки, Marcy_s_handmade, Шарено ќоше, Julie Decoupage, Ignis Creative, Витрум Студио, Custom Cakes by B, Јордан WoodWorkers, Тилиа органика и Фантаст уметничко студио.

На едно место ќе бидат претставени разновидни рачно изработени производи – од модерен накит, современ филигран и накит од епоксидна смола и полимерна глина, до рачно насликана керамика, производи од кожа, дрво и природни материјали. Понудата ја дополнуваат органска козметика, миризливи свеќи, декупаж, декоративни предмети за домот, уметнички дела, детски рачни изработки и низа други оригинални производи кои се создаваат локално и носат современа естетика.

Зад секој од овие производи стои човек, идеја и време вложено во создавањето – токму она што масовното производство не може да го понуди. Базарот „Обоена есен, рачно создадена“ ја претставува разновидноста на домашната креативна сцена.