
Јужноафриканската адвокатка за човекови права Наванетем „Нави“ Пилај е доботниочка на Нобеловата награда за мир за 2026 година.
Родена во 1941 година во семејство со индиско потекло во Дурбан, Пилај пораснала под апартхејд и станала една од првите жени од индиско потекло во Јужна Африка кои се занимавале со адвокатура. Таа ги бранела активистите против апартхејдот и се борела против дискриминаторските затворски услови.
По апартхејдот, таа станала судија во Меѓународниот кривичен трибунал за Руанда, каде што помогнала во воспоставувањето значајни правни преседани со кои силувањето се признава како чин на геноцид. Подоцна работела како судија во Меѓународниот кривичен суд и како висок комесар на ООН за човекови права од 2008 до 2014 година.
Неодамна, таа претседавала со комисија на ООН која истражувала кршења на човековите права во Израел и палестинските територии.

Македонски


