Skip to main content

Андоновски: Податочните центри не се збир на сервери и технологија, тие создаваат цел економски синџир

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска имал обраќање на Форумот за критична инфраструктура, дизајн и инженерство на податочни центри во Скопје, при што наглсил дека податочните центри не се збир на сервери и технологија туку дека тие создаваат цел економски синџир – за инженери, проектанти, градежни компании, енергетски и телекомуникациски оператори, системска интеграција, безбедност и одржување.

Додека другите држави привлекуваат милијарди во оваа индустрија, и кај нас дебатата мора да се води со факти и конкретни проекти, а не со дезинформации, шпекулации и стравови без основа. Не смееме поради лажни информации однапред да се откажуваме од инвестиции што можат да донесат нов капитал, нова инфраструктура и нови можности за нашата економија – истакнал Андовски.

Министерот посочил дека Македонија работи во две насоки: национален податочен центар за сигурна државна инфраструктура и приватни инвестиции во податочни центри што ќе донесат капитал, знаење и нови можности за македонските компании.

Особено важно е што овие инвестиции можат да создадат силен домашен економски ефект. Нашата цел е што поголем дел од проектирањето, изградбата, опремувањето, интеграцијата и одржувањето да го преземат домашни компании, а со тоа да се создадат нови референци, ново знаење и можности македонските фирми подоцна да настапуваат и на странски пазари – посочил министерот Андоновски.

Податочните центри, додал тој, можат да станат дел од пошироката диверзификација на македонската економија кон индустрии со повисока додадена вредност – со повеќе знаење, повеќе технологија и повеќе можности за домашниот бизнис.

Поврзани вести