
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за Алсат телевизија говорејќи на тема економија истакна дека иако се уште има тежок живот, владата се бори за негово подобрување, за подобри услови и има резултати, имаме најниска инфлација, а највисок раст на економијата во регионот.
Она кое што јас го кажав, а тоа е прецизно и јасно кажано, а тоа е дека кога ќе се земат предвид годишниот раст на бруто домашниот производ во определен квартал од годината споредено со истиот квартал од претходната година, свесен дека ќе бидам под постојана критика, но ние веќе осум, девет квартали се наоѓаме во горната половина од европските земји, а во конкретно последниот квартал, тоа е вториот во 2026 година сме во првите 5 земји во Европа според раст на сопствената економија во тој квартал, споредено со истиот квартал во претходната година – посочи премиерот Мицкоски.
Тој појасни дека иако се живее се уште тешко, треба да се има и предвид актуелната светска ситуација, но и таа во регионот, иако тоа не е оправдување, но кога сето тоа ќе се анализира ние во таква ситуација имаме обезбедено 4,3% раст на БДП притоа и во третиот квартал месеците јули и август побрзо расте извозот отколку увозот.
Во делот на инфлацијата, ако ја земете просечно во третиот квартал, а тоа се месеците јули, август и септември, и тука сте за 25% пониски од истиот период просекот што е во Европа, ќе се сложите дека е некаков успех во овие околности – потенцираше премиерот Мицкоски.
Премиерот Мицкоски посочи дека се уште е тешко, има проблеми, но е многу подобро од пред 4 години и оваа влада подобро се справува со поголеми предизвици од минатата власт ако оваа 2026 година се спореди со 2022 година кога исто така имаше енергетски предизвици.

Македонски


