
Осмото издание на фестивалот на филм и музика „Ѕирни“ се одржа од 28 септември до 5 октомври 2026 година во Скопје и во рамки на Фестивалот беа доделени наградите за 48 часовниот филмски предизвик.
Жирито во состав: Тамара Ристоска, актерка; Радован Петровиќ, режисер; и Атанас Велковски, снимател и селектор, одлучуваше за трите најдобри филмови направени за еден викенд.
Првото место е за „Дамка“ кој го работеа Јован Јанковски и Дамијан Јосифовски. Според жирито, првото место го добиваат заради најдоброто искористување на зададените елементи на предизвикот, суптилноста со која е изградена приказната и за извонредниот филмски јазик. За начинот на кој сите овие елементи се поврзуваат во една целина, создавајќи заокружена, промислена и впечатлива филмска приказна.
Второто место е за „Како да не направиш филм“ од тимот Филип Ангов, Андреј Димовски, Мери Тодевска, Едис Усеин, а третото место го освои „Исповеди“ од Ангела Грозданов, Магдалена Донеска, Милена Блажевска.
Специјално признание е доделено за „Остатоци“ од Ева Божиновска, Хана Стефановска, Теодор Дамјановски.
Со доделувањето на наградите пред Дом на АРМ се заокружи уште едно издание на фестивалот на филм и музика ЅИРНИ.

Македонски


