
Косовскиот парламент усвои измени на законот за Специјалниот суд по договор постигнат меѓу лидерот на Самоопределување, Албин Курти, и претставници на Демократската партија на Косово, пишува rts.rs. Договорот предвидуваше партијата на Курти да го поддржи предлог-законот на Демократската партија на Косово, која за возврат ја поддржа Јустина Широка Пуља за кандидатка за претседателка.

Веднаш по усвојувањето на законот, ветераните на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК) го прекинаа протестот што се одржуваше во центарот на Приштина од изрекувањето на пресудите на лидерите на ОВК во Хаг. Во серијата протести што уследија откако Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели и Реџеп Селими беа осудени на вкупно 81 година затвор за воени злосторства, беа повредени неколку десетици луѓе.
Со новиот акт се стеснуваат надлежностите на Специјализираните совети, се скратуваат максималните казни и се воведува можност за помилување. Според измените, Специјализираните совети ќе судат само во случаи поврзани со конкретни наводи од извештајот на Дик Марти за незаконско вадење и трговија со човечки органи.

Македонски


