Skip to main content

Уапсени и избеганите Полјаци кои со четирицикли ја оштетија вратата на воените магацини во Еребино

архива

Уапсени се и пребегнатите Полјаци кои со четирицикли ја оштетија вратата на воените магацини во Еребино. Претходно приведени беа четворица државјани од Полска за инцидентот во понеделникот, а полицијата ги лоцираше и тројата нивни другари кои избегаа на четирициклите.

Како што соопшти СВР Тетово, вчера во 13:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка ги лишија од слобода тројцата полски државјани К.В. (49), О.А.Б. (56) и С.К.З. (55), кои откако на 28.09.2026 со четирицикли (заедно со други четворица полски државјани кои веднаш беа лишени од слобода) оштетиле влезна врата од објект- воени магацини во место викано „Еребино“, по што се дале во бегство.

По преземени мерки, тие се лишени од слобода поради сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти“ по член 350 став 1 од Кривичниот законик и по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти СВР Тетово.

Поврзани вести