Skip to main content

Се степале пилоти на „Флајдубаи“: Авионот бил пренасочен

Freepik

Авион на „Флајдубаи“, кој полета од Дубаи за Израел беше пренасочен кон Саудиска Арабија откако испрати сигнал за итна помош поради тепачка помеѓу пилотите, а не поради киднапирање, изјави неименуван израелски функционер.

По првиот сигнал за итна помош, набрзо бил испратен и втор сигнал за незаконско попречување, а авионот беше пренасочен кон саудискиот аеродром Табук, над Јордан.

Авионот безбедно слета во Табук, а ниту еден од патниците не е загрозен.

И канцеларијата на израелскиот премиер соопшти дека инцидентот не е поврзан со киднапирање.

„Флајдубаи“ секојден лета помеѓу Тел Авив и Дубаи, популарна дестинација за израелските граѓани.

Саудиска Арабија и Израел немаат воспоставено формални дипломатски односи.(МИА)

Поврзани вести