
Македонската фудбалска репрезентација по првите 45 минути на гостувањето во Љубљана против Словенија игра без голови 0:0.
Во првиот дел од дуелот од Лигата на Нациите, домаќинот имаше две шанси, а првата преку Жан Випотник во 2.минута и топката ја погоди пречката. Истиот фудбалер имаше уште еднаш шанса, но капитенот на нашиот тим голманот Столе Димитриевски одбрани.
Македонската репрезентација има два шута преку Агон Елези, но беа непрецизни.
Селекторот Гоце Седлоски вечерашниот дуел го почна со осум промени во стартниот состав во однос на натпреварот од пред три дена со Швајцарија во Скопје.

Македонски

