
Музичко патување исполнето со емоции, традиција и длабока почит кон македонскиот музички идентитет ја очекува публиката на претстојниот концерт со наслов „Вечното ехо на Бадев“.
Овој посебен музички настап е посветен на ликот и делото на еден од најголемите бардови на македонската народна песна-Никола Бадев. Неговите песни, кои децении го пренесуваат духот на македонскиот народ, оваа вечер ќе заживеат преку современи и автентични интерпретации, потсетувајќи не зашто неговиот глас останува вечно врежан во нашата културна меморија.
На сцената ќе настапат хорот и солистите на ансамбл „Танец“ и врвни домашни музички и вокални изведувач, придружувани од оркестарот на ансамбл „Танец“, ќе ги изведат најпознатите бисери од неговиот богат опус.
Датум: 16.10.2026 година
Локација: Македонски народен театар
Време: 19:30 часот
Влезници: kupikarta.com
Ги покануваме сите љубители на изворната македонска песна и почитувачи на ликот на Никола Бадев да бидат дел од оваа незаборавна вечер и заедно да го зачуваме ехото што трае со генерации.
Бидете дел од традицијата што живее!

Македонски

