Skip to main content

Полјаци на четирицикли ја оштетиле влезната врата на воените магацини кај Тетово, неколкумина избегани

илустрација/архива Фејсбук АРМ

Четворица државјани на Полска се уапсени и против нив се поднесени кривични пријави за „неовластено влегување во воени објекти“ откако со четирицикли ја оштетиле влезната врата на воените магацини во „Еребино“ во Тетово.

Како што соопшти СВР Тетово, вчера во 18:24 часот, од страна на Воената полиција на АРМ, во СВР Тетово е пријавено дека во местото викано „Еребино“ во Тетово, каде се наоѓаат воени магацини, повеќе лица со четирицикли ја оштетиле влезната врата од објектот.

Војниците кои биле на стража на лице место задржале четири лица, сите државјани на Полска: Х.М.А. (55), Д.К.В. (55), К.В. (41) и К.Ј.Р. (36), додека други три лица со четирицикли се дале во бегство. Четирите лица се лишени од слобода поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело по член 350 од Кривичниот законик „неовластено влегување во воени објекти“, соопштија од СВР Тетово, од каде додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на останатите три лица и по документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

Поврзани вести