Skip to main content

Камениот Мост во Скопје блесна со ново осветлување

Камениот Мост во Скопје блесна со ново осветлување. Симболот во самото срце на градот доби поинаков лик во вечерните часови.

Проектот предвидуваше ново ноќно осветлување со кое ќе се истакнат архитектонската убавина, камените сводови и историската вредност на мостот.

Неодамна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека проектот за новото ноќно светло на мостот е во соработка со општина Есенлер од Република Турција, а треба да ги нагласи архитектонските и историски карактеристики на овој објект.

Осветлувањето на еден од најпрепознатливите симболи на Скопје со години беше во лоша состојба. На делови од мостот останаа само кабли од украдените светилки, поради што Камениот Мост во вечерните часови беше во мрак, посочуваат од Град Скопје, информираа неодамна од Град Скопје кога беше најавен проектот за санација на осветлувањето, по што мостот беше затворен за пешаци.

Камениот Мост е една од најфреквентните пешачки врски во централното градско подрачје, поврзувајќи ги плоштадот „Македонија“ и Старата скопска чаршија.

Поврзани вести