Skip to main content

Заедничкиот живот, меѓусебното почитување и разбирањето се темелите врз кои ја градиме нашата држава, порача Мицкоски за Денот на Бошњаците

Премиерот Христијан Мицкоски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитки до сите припадници на бошњачката заедница.

Нашата различност е нашата сила, а заедничкиот живот, меѓусебното почитување и разбирањето се темелите врз кои ја градиме нашата држава – пишува во денешната објава на Фејсбук-страницата на премиерот.

Се додава дека Бошњаците се нераскинлив дел од нашето мултиетничко општество, со својот богат културен идентитет, традиција и придонес во развојот на државата.

Ви посакувам здравје, успех и благосостојба, со уверување дека заеднички продолжуваме да градиме општество на еднакви можности, почит и доверба – порача премиерот. 

Поврзани вести