Skip to main content

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Владата ја продолжува мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 проценти до 12 октомври, објави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Со мерките, како што посочува Димитриеска-Кочоска, Владата продолжува со заштита на стандардот на граѓаните и стабилноста на домашната економија.

Со продолжувањето на оваа мерка директно влијаеме врз малопродажните цени на горивата и го ограничуваме пренесувањето на надворешните ценовни притисоци врз цените на останатите производи и услуги. Реагираме навремено и одговорно, следејќи ги движењата на меѓународните пазари и преземајќи мерки кога тоа е потребно за да го заштитиме стандардот на граѓаните – објави на својот Фејсбук профил Димитриеска-Кочоска.

Мерката со која ДДВ за дизел-горивото беше намалено од 18 на 10 проценти почна да се применува на 15 септември, како мерка за ублажување на ценовниот притисок врз граѓаните.

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги утврди максималните цени на горивата што ќе важат во следните седум дена.

Поврзани вести