Skip to main content

Иран тврди дека заробил американски подводен дрон во Ормуска Теснина

Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека заробиле американски подводен дрон во водите на Ормуска Теснина.

Во координирана и сложена операција, поморските сили на ИРГЦ успеаја да заробат високотехнолошки подводен дрон што ѝ припаѓал на американската армија, јави иранската државна телевизија.

Дронот „Ремус 600“ дејствувал во Ормуска Теснина за да шпионира и веќе го имаат експертите задолжени за извлекување на податоците, се наведува во соопштението на ИРГЦ.

Тоа е втор заробен подводен дрон, како што тврди ИРГЦ, во текот на месецот.

Контролата врз Ормуска Теснина, по американско-израелскиот напад врз Иран, ја има Техеран, а Вашингтон одговори со блокада на иранските пристаништа.

Поврзани вести