
Во Секторот за внатрешни работи – Скопје рано утринава во 2:42 часот е пријавено дека во периодот од 15 часот вчера до пријавувањето, со употреба на сила било влезено во објект на станица за технички преглед на улицата „Александар Урдаревски“ на подрачјето на Чаир и од канцеларијата на раководителот е одземен ресиверот од видео-надзорот, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.
Полициски службеници излегоа на местото и притоа е контстатирано дека со употреба на сила е влезено во експозитура на една банка, како и во канцеларијата на МВР, кои се во склоп на објектот, но не е одземено ништо, соопштија од МВР од каде додаваат дека извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонски


