Skip to main content

Кинематограферите на „Браќа Манаки“ раскажуваат универзални приказни

ИФФК „Браќа Манаки“

Од документарната програма на 47. ИФФК „Браќа Манаки“ денеска на прес конференција беа двајца кинематографери Ребека Дињ и Максим Катари чии филмови „Босоногата Марија“ и „ Магарешка убавина“ вчера беа прикажани во киното „Манаки“.

Тие говореа за важноста на кинематограферите во документарните филмови бидејќи тие се еден од најпровокативен домен во денешно време.

Сите одлуки за филмот ги донесов интимно, сакав желбата да ја прикажам преку филмот како предмет. Кога снимаме документарен филм, особено кога снимаме од детска перспектива тоа е уште поголем предизвик за да се долови неговата перспектива, таа на детето. Јас и ја покажав и камерата за да има претстава како работи и да сфати како ќе снимаме, Суштината на работата се односите кои ги воспоставуваме со цел да се доближиме една со друга и тоа беше значајно за мене зошто прв пат работев истовремено како режисер и како кинематографер, рече Дињ која изрази задоволство и чест што нејзиниот филм „Босоногата Марија“ е прикажан на „Браќа Манаки“.

Филмот „Магарешка убавина“ е нешто за што е тешко да се зборува, што е дел од колективната меморија, а камерата станува дел од сето тоа и ја пренесува приказната на едно семејство, а преку нив и на цело село.

Заедно со режисерката имавме заедничка визија и се држевме до неа. Сакавме луѓето кои ги снимаме да ги прикажеме како филмски ѕвезди и сакаме да ги вклучиме во процесот за да им дадеме можност достоинствено да го прикажат и раскажат она што сакаат. За снимањето на филмот се содржи и во самиот филм бидејќи имавме уште една камера која го снимаше снимањето. Она што ме изненади е тоа што луѓето масовно се вклучија во раскажувањето на приказната и одлучивме одна што требаше да го снимиме како документарен дел да го снимиме како фикција, а она што требаше да биде фикција да ја оставиме камерата и да оставиме самото да се случи, рече Катари.

Кинематограферот на филмот „До крајот на денот“, Паул Шпенгеман, чиј филм беше прикажан вчера во програмата Камера 300, денеска на прес конференција

Со режисерката се запознавме на еден фестивал додека сеуште бевме студенти и во изминатиов период заемно си ја следевме работата, но се до овој филм немавме работено заедно. За студентските протести во Србија се заинтересиравме двајцата и бидејќи секојдневно таму нешто се случуваше и постојано го менувавме сценариото. Се подготвивме многу прецизно за снимање бидејќи поради малиот буџет имавме само 20 дена за снимање. Јас не сум од Белград и не сум растел таму, но се поврзав со настаните бидејќи сметам дека имаат универзална порака. Имавме извонредна екипа додека снимавме, се случи некоја фузија на сетот и се надевам дека тоа се чувствува и во филмот, рече Шпенгеман.

Филмовите „Неколку нешта што се случуваат покрај реката“ и „Како лек“ беа вчера прикажани во рамките на краткометражната селекција на фестивалот „Браќа Манаки“, а денеска на прес конференција за нив говореа продуцентката Ромина Орсини и кинематограферот Луис Лустерман.

Едно девојче пребарува низ песочните дини за да ја пронајде својата лична карта и да може да се запише на Пекиншката академија за опера е приказната на филмот „Како лек“, за кој кинематограферот Лустерман рече дека пустината била како простор во кој никој не пречи.

Сакавме да прикажеме како изгледа кога човек се чувствува изгубен во овој свет и сака да постигне лична слобода. Високите температури се опасност за камерите и моравме да внимаваме, а имавме и само два дена за снимање во пустината и тоа ни беше притисок, но сепак уживав во работата, рече Лустерман.

Приказната на „Неколку нешта што се случуваат покрај реката“ говори за навидум безживотно тело кое плови низводно додека фрагментираниот свет околу него се занимава со други нешта, а продуцентката Орсини рече дека доста размислувале за тоа како ќе снимаат.

Режисерот Даниел Соареш веќе бил учесник на ИФФК „Браќа Манаки“, а кинематограферката Марта Симоеш има добиено мала Златна камера 300 во едно од изминатите изданија на ИФФК „Браќа Манаки“.

Одлучивме да снимаме со филмска лента за внимателно да ја доловиме приказната. Повеќе сцени се снимаа од далеку, да не прикажуваме премногу детали. За мене секогаш е подобро да се снима на филмска лента, но тоа зависи од самиот филм. Марта Симоеш е одлична кинематограферка и кога го добивме сценариото веднаш помисливме на неа затоа што ја има сензитивноста која ни беше потребна и таа беше првата која се вклучи во проектот и донесе нешто посебно, рече Орсини.

Поврзани вести

edirne prefabrikJojobetMultiwinmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositKavbetsupertotobetjojobetsekabetMarsbahis girişcasibomholiganbet girişholiganbet girişholiganbet girişholiganbetholiganbetholiganbetholiganbetholiganbetmarsbahisjojobetfixbetjojobetmarsbahisKavbetbahsegelcasibomjojobetstarzbetholiganbetizmir escortroketbetcasibomzbahiscasibom