
Вчеравечер во 23:20 часот, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 17-годишен малолетник од с.Брвеница, тетовско, соопшти СВР Тетово, додавајќи дека тој во селото управувал патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, при што изгубил контрола и удрил во
бетонски ѕид.
При преземање на мерки и активности полициски службеници на местото на настанот констатирале дека малолетникот
го управува возилото без да поседува возачка дозвола. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, велат од тетовската полиција.

Македонски


