
Поранешниот припадни на ОВК, Фадиљ Пушкољи, објави дека бил приведен во Македонија, но по распитот од полицијата е пуштен на слобода.
„Танјуг“ првично објави дека Пушкољи е уапсен врз основа на српска потерница, додека порталот „Коха“ објави дека приведувањето се случило при преминување од Косово во Македонија.
Пушкољи во својата објава на Фејсбук се заблагодарува на македонската полиција за, како што пишува, фер играта и почитта во текот на целата постапка.
Би сакал да им се заблагодарам на полицијата во Cеверна Македонија особено на албанските полицајци, за нивната фер игра, почит и добро однесување во текот на целата постапка, објави Пушкољи.

Македонски


