
Руската Централна изборна комисија денеска објави дека регистрирала повеќе од 1.000 кибер напади насочени кон нарушување на парламентарните избори, како и обиди за хакирање на телекомуникациите кои покажуваат знаци на украинско мешање, објавија руските агенции.
Забележани се повеќе од 1.000 ДДоС напади врз руската инфраструктура вклучена во изборниот процес“, изјави Ела Памфилова, раководителка на изборната комисија, цитирана од руските новински агенции.
ДДоС (дистрибуирано одбивање на услуга) нападите имаат за цел да го преплават системот со бранови континуирани барања.
Нападите беа извршени од високо професионални и добро координирани групи, користејќи алатки за вештачка интелигенција, а повеќето од нив потекнуваат од странство. Обиди за насочени напади беа извршени и врз руската телекомуникациска инфраструктура како целина. Сите покажуваат знаци на украинско мешање“, рече Памфилова.
Веќе вчера, на вториот ден од гласањето, кое исто така се спроведува електронски во 33 региони, руската изборна комисија објави дека системот за гласање бил цел на многу силен кибернапад, кој продолжил во текот на целиот ден.

Македонски


