
Излезноста на изборите за пратеници на Државната Дума на Русија со 14 часот по московско време беше 50,46 проценти, објави руската Централна изборна комисија на својата веб страница.
Денес е третиот и последен ден од гласањето на изборите во Русија што почнаа на 18 септември.
На повеќето избирачки места, гласањето ќе заврши во 20 часот, додека на некои избирачки места во пограничните области, работното време е скратено, објавија руските медиуми.
Истовремено, во 33 руски региони се одржува електронско гласање од далечина.
Покрај изборите за Државната Дума, во рамките на Единствениот ден на гласање, каде што граѓаните избираат повеќе од 20.700 пратеници и раководители на администрации, се одржуваат повеќе од 2.200 изборни кампањи од различни нивоа. Повеќе од 111 милиони граѓани имаат право на глас во Русија, додека 333 избирачки места се отворени за гласање во странство.
Според податоците од Централната изборна комисија, бројот на набљудувачи надмина 380.000.
Ова се првите избори за Државната дума на кои учествуваат гласачи од самопрогласените Доњецка и Луганска Народна Република (ДНР и ЛНР), како и од Запорожкиот и Херсонскиот регион.
МИА

Македонски


