
Триесет и тригодишен жител на кумановското село Добрашане бил приведен ноќва, откако полицијата го затекнала како управува автомобил со 2,09 промили алкохол во крвта.
Од СВР Куманово информираат дека С.И. бил запрен во 1:15 часот на улицата „100“ во Куманово, при контрола на сообраќајот. Тој управувал „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки.
При алкотестирањето било утврдено присуство на 2,09 промили алкохол во крвта, по што 33-годишникот бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.
Од полицијата велат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонски


