
„Среќен роденден Симон“ му отсвиреа музичарите на Загребската филхармонија на нашиот пијанист од светски глас, маестро Трпчески, кој на 18 септември го прослави 47. роденден.
Додека музичарите се подготвувале за пробата пред заедничкиот концерт, Трпчески очекувал да започнат со предвидената програма. Но, наместо првите тонови од композициите, членовите на оркестарот започнале да ја свират „Среќен роденден“.
Роденденот на Трпчески се совпадна со отворањето на новата концертна сезона на Загребската филхармонија, заедно со Давид Друнз.

Македонски


