Skip to main content
Промовирана книга со илустраци на Игор Јовчевски

„Музика и филм“ – споменик на оние што преку филмот и музиката, 20. век го направија баш посебен, но и важен …

Клинт Иствуд, Чарлс Бронсон, Курт Расел, Жан Пол Белмондо, Ален Делон, Мерилин Монро, Софија Лорен, но и Елвис Присли, Џони Кеш, Вили Нелсон, Дејвид Боуи, Фреди Меркјури… се дел од над 60-70 илустрации во стрип стил со многу внимание внесени во книгата „Музика и филм“ од стрип авторот Игор Јовчевски.

Оваа книга е осмо авторско дело на Јовчевски и го отсликува афинитет на авторот кон вестернот и музиката. Во неа преку детално изработените црно-бели фотографии се слават најзначајните претставници на рок ен рол и кантри музиката, но и и безвременски ѕвезди од светот на класичиот филм.

Мило ми е што се уште можам да го правам тоа што го сакам. „Музика и фолм“ се надоврзаува на моите претходни изданија и е колекција од одбрани илустрации на музичари и актери, кои оставија траг во рок ен ролот и кантрито, но тука се и главните ликови од класичните филмови, за кои сметам дека вредат многу повеќе од денешната понуда на филмската индустрија“, изјави авторот на промоцијaта на своето дело одржана во „Глуво куче“.

Секоја од илустрациите, односно секој од ликовите што добива место во оваа книга, добива и своја посвета за текот и најзначајните моменти во кариерата.

Се сметам за исполнет човек, а во новото време тоа и не е толку лошо. Исполнетоста ме прави среќен, а среќата е секогаш најважна. Во конкретниов случај исполнет и среќен сум токму поради оваа книга односно поради можноста да ја споделам со сите љубители на цртежот, илустрацијата, стрипот.

Идејата за една ваква книга се роди уште кога ја објавив претходната книга со илустрации „Црно на бело“, во која едно од поглавјата беше насловено „Холивуд“. Првичната идеја беше да се фрлам на работа на книга посветена само на Холивудските ѕвезди (секако класични кои позади себе имаат оставено доволно голем печат), но како изминуваше времето решив да направам комбинација со музиката, односно со музички ѕвезди. Така веднаш се роди и насловот на оваа книга кој веднаш дава асоцијација на содржината.

Музиката, филмот и стрипот отсекогаш биле трите работи кои ме исполнувале, возбудувале и правеле среќен. Секогаш ми биле дури и премногу важни и не минува ден без некој од тие за мене важни животни сегменти. Како љубител на класичниот Холивуд, изворниот рок ен рол и традиционалната кантри музика мојот избор на ликови кои би биле застапени во оваа книга се сведе на најинтересните за мене, а тоа се легендарни дејци во своите бранши.

Евентуалниот едукативен момент за кој размислував додека ја работев книгава сакав да се состои од кратки информации за сите ликови од типот: најважни албуми, филмови и малку од делот зошто се тие важни, но не сакав да пренатрупувам со премногу информации па целата книга да добие друг фокус. Сепак е книга со илустрации и тие треба да се водечкиот елемент во неа.

Ќе признаам дека уживав во секој момент од цртањето и се надевам дека тоа ќе можат да го почувствуваат сите кои ќе имаат можност да ја разгледаат, па и прочитаат на некој начин книгава“, вели Јовчевски во предговорот на книгата.

Делото „Музика и филм“ е во издание на издавачката куќа „Стрип квадрат“ и може да се набави во специјализираната стрип кнжарица „Бункер“, но и во поголемите книжарници.

Поврзани вести

giyimJojobetSahabetmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositvaycasinobahsegeljojobetbahsegelsekabetMarsbahis girişJojobet GirişcasibompusulabetcratosroyalbetholiganbetholiganbetholiganbetJojobetJojobetstarzbetcasibombahsegel giriş