
Возач на мопед загина откако изгуби контрола врз возилото во тешка несреќа што се случи вчера во Охрид.
Како што соопштуваат од охридската полиција, околу 11:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„15 Корпус“ во Охрид, 67-годишниот И.Б. од Охрид, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Од здобиените повреди, И. Б. починал на местото на несреќата, а лекар од Итната медицинска помош констатирала смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Охрид.

Македонски


