Skip to main content

Во САД почнува предвремено гласање за среднорочните избори

Freepik

Во Вирџинија денеска почнува предвременото гласање за среднорочните избори во САД, со што се почнуваат последните шест недели пред гласањето на 3 ноември што ќе ја одреди контролата врз Конгресот. Во неколку други држави, вклучувајќи ги Ајдахо, Минесота и Јужна Дакота, гласачите сега може да гласаат рано со лично предавање на гласачките ливчиња во изборна канцеларија или во гласачко место.

Изборите ќе го одредат новиот состав на Претставничкиот дом и дел од Сенатот, што моментно се контролирани од републиканците. Повеќето држави ќе гласаат и за гувернери и локални законодавни тела. Доколку демократите ја вратат контролата врз Конгресот, тоа би го променило политичкиот пејзаж во последните две години од мандатот на претседателот Доналд Трамп, вклучително и со зголемување на парламентарната контрола врз неговата администрација.

Кампањата се одвива во услови на загриженост кај многу Американци за зголемувањето на трошоците за живот, цените на горивото и храната, тековната војна во Иран, брзиот развој на вештачката интелигенција и имиграциските политики на администрацијата на Трамп, јавија американски медиуми.

Во меѓувреме, Трамп продолжува да инсистира на промени во начинот на спроведување на изборите и на проверки на гласачките списоци за лица што не се државјани. Оваа недела Врховниот суд го отфрли обидот на неговата администрација да воведе нови ограничувања за гласање по пошта. Досегашните истражувања покажаа дека учеството на лица што не се државјани на изборите во САД е исклучително ретко.

Изборните службеници велат дека се подготвени за гласањето и дека системот е сигурен и безбеден. Групите за права на гласачите ги повикуваат гласачите што планираат да гласаат по пошта да ги испратат своите гласачки ливчиња порано поради можно доцнења во испораката.(МИА)

Поврзани вести

giyimbahsegelJojobetFanatikbetstarzbetmarsbahis girişjojobetzbahisalobetjojobetrichest gamblersFree spins no depositholiganbetbahsegeljojobetbahsegelsekabetmarsbahisJojobet Girişcasibom