Skip to main content

Филипче: Поранешниот секретар на СДСМ Ќуркчиев доби тендер од 1,6 милиони евра

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија покажа договор според кој фирма што ја претставува и со која соработува поранешниот секретар на СДСМ, Никола Ќурчиев, добила тендер од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура на 17 јуни 2026 година.

Еден од луѓето што седи на масата на Платформата, поранешниот секретар Никола Ќурчиев, е поврзан со фирма што добила тендер од Железници во износ од 1,6 милиони евра. Еве го договорот и фирмата што тој ја претставува“, рече Филипче.

Тој нагласи дека договорот можеби е законски и фирмата треба да си ја заврши работата, но јавноста има право да ја знае политичката заднина и тајмингот на овој тендер.

„Се поставува прашањето колку чини СДСМ. Ако за нив чини 1,6 милиони евра, сакам јасно да кажам: СДСМ не е на продажба. Нема да играме како што ќе свири Мицкоски и по неговата плејлиста. Можеби Дејвид Гета свиреше за 5,5 милиони евра, а сега Платформата за 1,6 милиони евра – нека си ја тераат работата“, нагласи Филипче.

Поврзани вести

giyimbahsegelJojobetFanatikbetstarzbetmarsbahis girişjojobetzbahisalobetjojobetrichest gamblersFree spins no depositholiganbetbahsegeljojobetbahsegelsekabetmarsbahisJojobet Giriş